Потпретседатели на советот на ССМ
Потпретседателите на Советот на ССМ ги избира Советот.
Бројот, составот и домените на активностите на потпретседателите се утврдува од страна на Претседателството на предлог на претседателот на ССМ.
Потпретседателите на Советот на ССМ во рамките на своите надлежности може да ги координираат и организираат активностите од нивниот домен на работа согласно одлуката донесена од страна на Советот на ССМ.
Потпретседателите на Советот на ССМ се избираат од редот на претседателите на синдикатите.
- Потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор - Трпе Деаноски , член на Претседателството на ССМ и Претседател на Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ)
- Потпретседател на Советот на ССМ за приватен сектор - Иван Пешевски , член на Претседателството на ССМ и претседател на Синдикатот за градежништво индустрија и проектирање на Македонија .
- Потпретседател на Советот на ССМ за колективно преговарање и договарање и економски прашања - Љубиша Каранфиловски , член на Претседателството на ССМ и претседател на Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ.
- Потпретседател на Советот на ССМ за организациски развој – Стојанче Кашиковски, Претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ).
- Потпретседател на Советот на ССМ за организација и мобилизација на синдикално членство - Љупчо Радовски, член на Претседателството на ССМ и Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ).
- Потпретседател на Советот на ССМ за слободните економски зони( ТИРЗ) – Игор Герасов, член на Претседателството на ССМ и претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР)