Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СКОПСКИ БЕТОН ПРЕД СТЕЧАЈ ОТКАКО РАБОТНИЦИТЕ ЗАЕДНО СО СИНДИКАТОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ОТВОРИЈА ПРЕТСТЕЧАЈНА ПОСТАПКА

Синдикатот за градежништо, индустрија и проектирање на Република Македонија односно во име на вработените од ДГ Бетон АД Скопје до Основниот граѓански суд Скопје поднесоа Предлог за отворање на стечајна постапка односно за престанок на работодавачот откако во период од 9 месеци ги искористија сите правни механизми за да ги добијат заостанатите повеќе од 4 плати и да ја спасат компанијата.

Имено, ДГ Бетон АД Скопје веќе четврти месец нема исплатено плата, а сметката на компанијата е затворена односно боликирана повеќе од 45 дена.

Ова беше најзначајниот факт од кој вработените застапувани од Синдикатот за градежништво ќе го искористат и последниот законски дозволен механизам и не се повлекуваат од намерата да му отворат стечај на работодавачот каде покрај заостанатите плати ќе си побараат од стечајната маса и исплата на заостанатите регреси за годишен одмор како за 2021ва така и за 2022ра година.

Синдикатот за градежништво и работниците повеќе пати пријавуваа во Државниот инспекторат за труд да се иправат овие неправди спрема вработените, но и покрај нивните задолженија и констатираните неправилности, работодавачот не исплаќаше плата и не ги почитуваше задолженијата од надлежен државен орган.

Сметаме дека овие законски загарантирани права на вработените ќе успееме барем на суд да си ги наплатиме. Од друга страна вработените се притиснати да потпишуваат некакви договори на определено време и сами да се спогодат старите договори на неопределено време да не важат, за што апелираме, повеќе да не потпаѓаат на било какви притисоци и закани за отказ поради тоа што со потпишувањето на анекси на договорите за вработување од неопределено на определено губат секаква сигурност дека по истекот на истите ќе продолжат да работат, а со тоа и да се стекнат со право за материјално обезбедување при отварање на стечај, за паричен надоместок од Агенцијата за вработување кој имајќи ја во предвид структурата на вработените, би го добивале до пензија.

Со оваа постапка како прв човек на синдикатот ги охрабрувам сите вработени да си се јават во судот како доверители штом биде објавено на огласна табла во судот, за што повторно ние преку медимумите ќе информираме.

Слободно можам да кажам дека новото раководство на компанијата Бетон е единствено виновно што овој гигант кој требаше да слави во Декември 75 години постоење сега ќе премине во рацете на стечаен управник и истото не го дочека. Но нашата заложба до крај ќе биде барем вработените да си го наплатат она за што работеле оваа година, а доверителите да ја преземат оваа значајна компанија и да продолжат да ја градат Државата.

Прес-конференција на претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање Иван Пешевски и претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Целата можете да ја проследите на следниот линк:

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/5254082798036029

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.