Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Надзорен одбор

Членови на Надзорен одбор се:

1. Македонски полициски синдикат (МПС)

  • Милорад Влаховиќ

2. Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално станбеното стопанство,  занаетчиството и заштитните друштва на РМ  (СУТКОЗ)

  • Кристијан Ковачевски

3. Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална  заштита на РМ

  • д-р Наташа Петковиќ

4. Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО -Синдикат)

  • Ленче Стојчевска

5. Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ)

  • Пеце Стојановски

 

1. Надзорниот одбор врши надзор и контрола во остварувањето на политиката на финансирањето на ССМ, распределбата и употребата на материјално-финансиските средства со кои располага ССМ.

2. Надзорниот одбор се состои од 5 члена и 5 заменици кои ги избираат   синдикатите-членки согласно Одлуката на Советот на ССМ за бројот и составот на Надзорниот одбор, а Конгресот врши  верификација.

3. Врши контрола и ревизија на вкупното финансиско работење, примената на одлуките, правилникот, податоците на книговодствената евиденција и сите позитивни прописи за прибирање и користење на средства. За извршената ревизија се составува записник и истиот се доставува до Претседателството.

4. Надзорниот одбор има право и без претходно најавување да изврши контрола на финансиското работење.

5. Органите на ССМ се должни да овозможат увид во документацијата за целокупното материјално и финансиско работење.

6. Надзорниот одбор учествува во работата на Конгресот и до  Конгресот поднесува извештај за својата работа.

7. Надзорниот одбор контролата/ревизијата ја извршува најмалку еднаш годишно, а пред разгледувањето на годишната сметка на ССМ за претходната година. Записникот за извршената контрола/ревизија, задолжително содржи констатации за финансиските ефекти од прибирањето и користењето на средствата, усогласеноста на работењето на ССМ со прописите и доколку се констатирани било каков вид на неуредности или причинета штета, предлог/предлози за надминување на состојбите. 

Надзорниот одбор Записникот од извршената контрола/ревизија на годишната сметка го доставува до Претседателството најдоцна до 10 февруари во тековната година.

За извршената вонредна контрола/ревизија, Записникот се доставува до Претседателството во рок од 5 дена од нејзиното завршување.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.