Конгресот е највисок орган на ССМ.
Конгресот е составен од делегати на синдикатите-членки.
Делегати на Конгресот се и делегатите коишто се избрани од синдикатот кој станал членка на ССМ во меѓуконгресниот период и кој уплатил членарина, но не пократко од 24 месеци.
Делегати по функција се: членовите на Советот, Надзорниот одбор, Претседателството, претседателот на секцијата на жени и претседателот на секцијата на млади и истите учествуваат во работата на Конгресот без право на одлучување.
Конгресот го отвора претседателот на ССМ.
Конгресот донесува Деловник за работа и избира Работно Претседателство.
Со работата на Конгресот раководи Работното претседателство.
За расправата и одлуките се води записник.
Конгресот ги има следниве задачи:
Конгресот по правило се одржува еднаш на пет години.