Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Секција на жени при ССМ

Секцијата на жени е основана на 29 ноември 2000 година, со одлука на Советот на ССМ. Членови на Секцијата на жени се членовите на синдикатите од женскиот пол.

Насоките на дејствување на Секцијата на жени се: афирмирање на жената во општеството, борба против половата дискриминација, рамноправно учество на жените во општествените, политичките, економските процеси и влијание врз сите други состојби што се однесуваат на положбата на жените.

Според Програмата примарни цели на Секцијата на жени се:

  • подигнување на рејтингот;
  • едукација и подигање на свеста на жената за нејзините права;
  • ширење на женската мрежа по синдикати и синдикални организации;
  • расправа и активности по мобингот, донесување кодекс на однесување во претпријатијата;
  • подобрување на законската регулатива, колективните договори по сите прашања поврзани со правата на жените;
  • кампања за ново членство;
  • информирање за активностите на секцијата;
  • соработка со други секции на жени во државата и странство;
  • изработка на проекти по прашања за жените;
  • изработка на веб страна на секцијата.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.