
ССМ функционира како најстар, репрезентативен синдикат и социјален партнер во државата и приоритетно се залага за активности и мерки кои ќе придонесат за заживување и развој на економијата како база за целокупен напредок на општеството, а приоритет се правата, интересите и потребите на работниците.
Првиот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија со тогашен назив Единствени синдикати на работниците и намештниците на Македонија се одржал на 18-21 август 1946 година во парк во Скопје, Македонија, во време кога работничката класа водела успешна борба за обнова на од војна опустошената земја.
Првиот слободен синдикален Конгрес на работниците во Македонија, покрај своето мобилизациско значење, значително допринел и за понатамошното организациско зацврстување и оспособување на синдикатите за изградба на земјата.
Периодот од првиот Конгрес на ССМ па наваму има големо значење за работничката класа, а ССМ како класна работничка организација ја опфаќал скоро целата работничка класа во Македонија.
Од основањето, Сојузот на синдикатите на Македонија имал 20 Претседатели, помеѓу кои: Аспарух Корубиноски, Димитрие Алексиески – Пекар, Ацо Ицев, Борко Темелковски, Страхил Гигов, Боге Кузмановски, Благоја Талески, Павле Давков, Џемаил Вејсели, Ѓорѓи Узуновски, Ванчо Близнаковски, Александар Донев, Васил Костојчиновски, Мирослав Георгиевски, Светозар Василевски, Живко Толевски, Ванчо Муратовски, Живко Митревски, Дарко Димовски и Слободан Трендафилов.
Последниот Конгрес на ССМ, се одржа на 30.06.2023 година и на истиот за Претседател беше избран Слободан Трендафилов.
Сојузот на синдикатите на Македонија од 2011 година е полноправен член на Меѓународната конфедерација на синдикатите (ITUC), на Регионалниот синдикален совет СОЛИДАРНОСТ и на Паневропскиот регионален совет на синдикатите од Југоисточна Европа (ITUC-PERK), а од 2015 година е полноправен член на Европската конфедерација на синдикатите (ETUC).
Со гордост денес, ССМ е најзначаен дел од синдикалната историја, а активноста на ССМ континуирано продолжува да биде обележје на синдикализмот во државата.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денес ги обединува и застапува зедничките општествени,економски и социјални интереси на членството и работниците, а во ССМ се здружени 18 синдикати на повисоко ниво ( Грански синдикати), синдикати-членки и тоа: Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат); Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ); Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП); Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ); Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ; Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ); Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР); Синдикат на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ); Синдикат на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ); Македонски полициски синдикат (МПС); Синдикат на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ); Синдикат на работниците од трговија на РМ (СРТ); Синдикат за слобоно дејствување на Македонија (ССДМ); Синдикат на финансиските дејности на Македонија (СФДМ); Синдикат на поштенски и телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ); Синдикат на медиумска информативна агенција – (СМИА); Независен синдикат за образование и наука (НСОН); Синдикат на културата на Р.Македонија (СКРМ);
Сојузот на синдикатите на Македонија е единствениот потписник на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и Општиот колективен договор за јавен сектор, а преку Општите колективни договори обезбедува и уредува поповолни права за сите работници во приватниот и јавниот сектор, додека синдикатите здружени во ССМ имаат склучено 13 колективни договори на ниво на оддел или група (грански колективни договори) и тоа:
1.Колективен договор за здравствена дејност на РМ;
2.Колективен договор за социјална заштита на РМ;
3.Колективен договор за текстилната индустрија од РМ;
4.Колективен договор за кожарска и чевларска индустрија на РМ;
5.Колективен договор за вработените од земјоделството и прехранбената индустрија;
6.Колективен договор за вработените во тутунското стопанство;
7.Kолективен договор за хемиска индустрија;
8.Колективен договор на Министерството за внатрешни работи;
9.Колективен договор за комуналните дејности
10.Kолективен договор за заштитни друштва на Македонија;
11.Колективен договор за угостителство на РМ;
12.Колективен договор за органите на државната управа, стучните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија;
13.Колективен договор на културата на РМ
Исто така, ССМ учествува во работата на: Економско социјалниот Совет, Националниот совет за евроинтеграции, Националниот совет за безбедност и здравје при работа, Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, Националното координативном тело за спречување и заштита од дискриминација, Управните одбори на: Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување.
Сојузот на синдикатите на Македонија е репрезентативен синдикат на ниво на територија, во јавен и во приватен сектор.
Сојузот на синдикатите на Македонија е синдикат.