Членови на Претседателството се:
м-р Дарко Димовски, Претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ)
Пецо Грујовски, Претседател на Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ)
Игор Герасов, Претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР)
Живко Даневски, Претседател на Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат)
Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП)
Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ
Љупчо Радовски, претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ)
м-р Роберт Симоноски, претседател на Самостојниот синдикат на работниците од електростопанството на Македонија
Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ)
Зоран Мироновски, претседател на Синдикатот на хемија, неметали и метали на РМ (СХНМ)
д-р Марјан Кицев, претседател на Македонскиот полициски синдикат (МПС)
Јордан Сандев, претседател на Синдикатот на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ)
Милован Арсовски, секретарот на Синдикатот на графичката, информативната, филмска, издавачка дејност и производство на хартија на РМ (ГИФИХ)
м-р Гоце Селовски, претседател на Синдикатот на финансиските дејности на Македонија (СФДМ)
Весна Мицевска, претседател на Синдикатот на работниците од трговијата на РМ (СРТ)
Ристо Ајтов, претседател на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ)
Претседателството го сочинуваат претседателот на ССМ, секретарот на Советот на ССМ и претседателите на синдикатите-членки.
Задачи и надлежности на Претседателството се:
- ги презема сите потребни активности за реализација на Програмата и Статутот на ССМ;
- донесува ставови и одлуки за кое е надлежно и подготвува предлог-одлуки и други документи за кои е надлежен Советот;
- ја координира активноста на ССМ и синдикатите на сите нивоа кога се работи за заеднички задачи;
- Претседателство го информира Советот за својата работа;
- до Советот дава предлози за кандидат за претседател на ССМ, секретар на Советот и потпретседатели;
- предлага дневен ред на Советот;
- до Советот предлага измени и дополнувања на Статутот на ССМ;
- ја организира правната заштита на ниво на ССМ;
- редовно ги следи економските, социјалните и други прашања за положбата на членството и сите работници и презема конкретни активности;
- ги разгледува иницијативите на синдикатите и по своја проценка ги внесува во процедура;
- го утврдува текстот и дава согласност за потпишување на општите колективни договори;
- донесува одлука за внатрешно организирање на ССМ;
- обезбедува и реализира соработка на ССМ со домашни и други меѓународни синдикални организации и асоцијации и невладиниот сектор за остварување на заеднички цели и задачи;
- организира оспособување и образование на синдикални претставници;
- врши именување, дава согласност за именување и избор и врши разрешување согласно овој Статут;
- врши именување и разрешување на управителите на трговски друштва, задруги, штедилници, банки, и др. основани од ССМ;
- го организира финансиското работење во ССМ, се грижи за синдикалниот имот и ги разгледува и усвојува извештаите на Надзорниот одбор;
- ја организира работата на Стручната служба во ССМ;
- ја организира информативната дејност на ССМ;
- им поднесува предлози и барања од својата надлежност на државните органи, други државни институции и организациите на работодавачите како социјални партнери за закони и други акти кои се однесуваат на материјално-социјалната положба на работниците;
- донесува правилници и акти и Кодекс на однесување;
- формира комисии и тела по одредени прашања;
- врши и други работи што ќе му ги довери Советот.