
По изборот на Ивана Димитрова како претставник на СГИП, за Член на Женскиот регионален комитет и воедно Потпретседател на Европскиот женски комитет, СГИП доби уште едно големо меѓународно признание за својата работа во борбата за остварување на поголеми права за сите работници.
Даниела Милоска – Координатор на Секцијата на млади при СГИП, а воедно и член на Советот на СГИП, во Стокхолм беше избрана за Член на Група 6 како и за Заменик член на Младинскиот комитет на Меѓународната организација за градежништво и дрвна индустрија – BWI.

Слика 1. Даниела Милоска со колегите од регионот
Ова е валоризација на активностите на СГИП, но воедно и одговорност за нашето делување во иднина, што беше препознаено од Меѓународната организација за градежништво и дрвна индустрија – BWI.

Слика 2. Групна фотографија на сите учесници, Стокхолм 10-14.04.2019


