Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АПЕЛ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ

Имајќи ги во превид препораките и заклучоците на Светската Здравствена Организација и Министерството за здравство за Корона вирусот, најновите случувања во светот и регионот, каде државите преземаат соодветни превентивни мерки се со цел заштита на граѓаните, како и фактот дека на територијата на нашата држава  веќе е потврден првиот случај на заразено лице од Корона вирусот, Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до сите Државни институции и до работодавачите да ги преземат сите мерки за заштита на безбедноста и здравјето како на работните така и на сите граѓани.

Апелираме сите работници и граѓани, максимално да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките на Министерството за здравство за намалување на ризикот од појава на инфекција од Корона вирусот и  задолжително и често да се мијат рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце што содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со свиткан лакт. По употребата марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете.

Потребно е да се воведе дополнителна заштита на храната и темелно готвење на истата.

Покрај тоа, треба да се воведе посебна заштита при работа на отворено, да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема, да се штити населението од настинки, односно да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.

Почитувањето на мерките во голема мера ќе  придонесе за спречување на ширењето на вирусот.

Загрижени сме за работниците кои во наредниот период заради своите работни обврски ќе бидат директно изложени на постојан контакт, како и за сите граѓани, и ги охрабруваме надлежните институции со сите расположливи капацитети навремено покрај преземањето на сите мерки, да информираат за сите промени со што ќе се придонесе и за спречување на ширење на паника.

Потсетуваме дека Синдикатот за градежништво при ССМ, пред околу  еден месец веќе апелираше до институциите и работодавачите за превземање на соодветни мерки и активности за спречување на ширење на вирусот на нашата територија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.