
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски оствари средба со Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.
На средбата се дискутираше за потребата од продлабочување на соработката помеѓу ССМ и ССК, активностите кои ги спроведуваат ССМ и ССК во борбата со последиците од здравствената криза и надминување на истите како и за активностите по однос на новиот Закон за работните односи.
ССМ и ССК во наредниот период заеднички ќе работат здравствената криза да не премине во криза на пазарот на трудот.

Слика 1. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија