
СТОП ЗА ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ СИНДИКАТИТЕ
Веднаш да биде вратен на работа Претседателот на синдикатот во ЗИК Пелагонија, Мендо Милевски
Членовите на Извршниот одбор на Синдикалната подружница на ЗК “Пелагонија“ во Битола, денеска одржаа предупрадувачки протест пред управната зграда на Комбинатот.
Тие бараат исплата на регрес за годишен одмор за 2019 година согласно спогодбата од декември ланската година, со која менаџментот се обврзал за исплата до 30 јуни годинава
Се бара враќање на претседателот на синдикатот кој е отстранет од работа, спротивно на Законот за работните односи
Претседателот на граѓанскиот Агро- синдикат при ССМ, Живко Даневски рече дека менаџеритте на Комбинатот мораат да исплатат К-15 и да го вратат претседателот на работа, зашто го крашат Законот за работните односи.
Во целост ги подржуваме барањата на вработените и со сите средства ќе ги браниме нивните интереси рече Даневски.
ССМ го осудува ваквиот чин од страна на раководството на ЗИК Пелагонија и стои на располагање на нашите колеги од АГРО Синдикат и Синдикатот во ЗИК Пелагонија.