
Сојузот на синдикатите на Македонија по повод Меѓународниот ден против насилство на жените започна кампања за ратификување на КОНВЕНЦИЈА НА МОТ 190
ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НАСИЛСТВО И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВО СВЕТОТ НА РАБОТАТА.
ССМ испрати и барање до Министерството за труд и социјална политика и до Владата со барање да се ратификува Конвенцијата бр.190, а за ваквото барање ССМ доби поддршка и од МОТ, ЕТУЦ и ИТУЦ.
Оваа конвенција ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата, вклучувајќи ги вработените како што се дефинирани со националното право и практика, како и лицата што работат независно од својот договорен статус, лицата на обука, вклучувајќи ги стажантите и практикантите, работниците чиишто работни односи престанале, волонтери, баратели на работа и кандидати за вработување, и лицата што вршат овластувања, должности или одговорности на работодавач.
Оваа конвенција се применува за сите сектори, без оглед на тоа дали се приватни или јавни, како во формалната, така и во неформалната економија, и независно од тоа дали се во урбани или рурални подрачја.
