- Македонски
- English

Бараме политичките партии да не се препукуваат со поднесување на предлог закони кои не се од егзистенцијална важност за работниците во време на економска, енергетска и ковид криза и наместо да го трошат времето и да одржуваат седници за лични нивни бенифити, да ја изгласаат иницијативата на ССМ за законското решение за пораст на минималната плата која бараме да биде 60% од просечната плата или 18.000ден, како и усогласување - зголемување на останатите плати согласно законот за минимална плата кој е поднесен до Собранието и поделен од страна на претседателот на Собранието г-дин Талат Џафери до сите пратеници.
Ги потсетуваме дека било кој пратеник или пратеничка група согласно Деловникот можат веднаш без одлагање да го поддржат и предложат предлогот на ССМ, поради тоа што сите се деклариаат како политички партии дека се за работниците и се грижат за нив, па затоа ги повикуваме сите политички партии: СДСМ со коалицијата, ВМРО со коалицијата, ДУИ, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, БЕСА, ЛЕВИЦА, ЛДП, ДОМ, ДЕМОРАТСКИ СОЈУЗ, Веднаш да ги поднесат и изгласаат законските измени во Законот за минималната плата и со тоа да докажат дека навистина се грижат за работникот и неговата егзистенција во оваа ковид, економска и енергетска криза!
За работниците е нејасно зошто Пратениците кои земаат плата за 4 до 5 пати поголема од минималната плата, веднаш не седнат во пратеничките клупи и го поддржат и предложат Законот и да ја зголемат минималната плата на 18.000 денари кога истите имаат нивни роднини и пријатели кои работат за минимална плата, па колку повеќе го одолговлекуваат донесувањето на Законот ќе бидат приморани на ист начин да се однесуваат работниците спрема нив за време на избори и за исто толку да го одолговлекуваат гласањето на идните парламентарни избори.