Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НЕМА ОТСТАПКИ ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА НА РАБОТНИЦИТЕ

Овој пат времето работи за работниците. Нека размислат добро, петок е задутре“, изјави Дарко Димовски претседател на ССМ по денешната средба на која неспремни влегоа и работодавачите и Владата, а додека работодавачите незнаат што сакаат, Владата тактизира

„Денеска се преговараше три саат. Откако аргументите преовладаа на страна на ССМ и останатите синдикати, работодавците во 5 до 12 излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна, го убедивме третиот социјален партнер Владата, која ни даде силна поддршка дека минималната плата треба да биде 60 отсто од просечната плата или во моментов 18 000 денари. Но, ќе мора да ги прашате организација на работодавци и другите работодавци зашто во 5 до 12 дадоа измислено предлог-решение со една цел – да купат време за до петок. Петок е во ред, ќе го купат времето, но ќе морам да им нагласам дека на 10 февруари во Собранието веќе во процедура ќе биде предлог-законското решение за минимална плата и усогласување на сите останати плати согласно минималната“, рече Димовски.

Тој е дециден дека доколку не се дојде до решение, останува штрајкот како следен чекор на синдикатите.

,,Ако газдите не го одврзат ќесето и не ги почакат платите, работниците ќе излезат на улица во петок. Димовски рече дека ова е реална потреба, и не е никаков товар. Ако разговорите паднат во вода, ќе има генерален штрајк." рече Димовски

-Штрајкувачките одбори остануваат ние во петок имаме закажано органи и тела на Сојузот. Ќе дојдеме и во 16 часот во петок и ќе им соопштиме дека доколку не се одобри ова што го бараме ние стапуваме во генерален штрајк, вели Димовски додавајќи дека аргументите и анализите се на страна на синдикатите и оти тие покажуваат дека минималната плата мора да расте, како и сите останати плати согласно закон и колективен договор.

Според ССМ, предлогот на работодавачите е чекор назад во правата на работниците.

Линк од изјавата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.