- Македонски
- English

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на 62 седница на Собранието во скратена постапка, по предлог на двајца пратеници, како 7 точка на Дневниот ред го стави предлогот на ССМ за измени и дополнување на Законот за минималната плата со што се отвара патот, пратениците веднаш да го усвојат истиот и да и со тоа да овозможат минималната плата да изнесува 18.000 денари и истата да не изнесува помалку од 60% од просечната плата, а со тоа да се овозможи и останатите плати скалесто да се зголемат.
Ги охрабруваме сите пратеници да го следат примерот на пратениците кои веќе јавно го поддржаа предлогот на ССМ, да ги поддржат работниците, а не сакаме да веруваме дека има пратеник кој ќе гласа спротивно на егзистенцијалните потреби на работниците.