Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА НА ССМ ПОДДРЖАН ОД ДОМ ВО ПАРЛАМЕНТОТ

Денеска, Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и пратеничката и воедно и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин остварија средба на која дискутираа за барањето на ССМ пратениците да го поддржат и предложат предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата со кој минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари и спирално ќе се зголемат останатите плати.

Од страна на пратеничката Морачанин беше истакнато дека предлогот на ССМ ќе биде поддржан и предложен во Собранието.

Работниците ја добиваат потребната поддршка во Собранието и од страна на пратеничката Морачанин, а се со цел унапредување на нивните работнички права и остварување на правото на достоинствена плата со зголемување на минималната плата и спирално ќе се зголемат останатите плати .

Претседателот на ССМ, Димовски истакна дека ССМ ја поздравува одлуката со која Партијата ДОМ го предложи до Собранието предлог законот на ССМ поднесен во декември за зголемување на минималната плата и дека работниците ќе го ценат придонесот на пратениците кои им подаваат рака кога им е најтешко.

ССМ уште еднаш укажува дека во услови кога ниту најголемиот пораст на минималната плата во 2017 година не го загрозил стопанството – односно фирмите не отпуштале работници, не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста и профитот, очекуваме и другите партии и пратеници во парламентот да го следат примерот и да го сторат истото веднаш и да покажат дека се за работниците и за граѓаните.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.