Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ДИМОВСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ЏАФЕРИ

Претседателот на ССМ Дарко Димовски оствари средба со Претседателот на Собреанието на РСМ, Талат Џафери.

Претседателот на ССМ Димовски на претседателот на Собранието Џафери му ја искажа благодарноста на работниците за неговата брза реакција во поглед на доставувањето на иницијативата на ССМ за предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата до пратениците во рок од 3 дена од приемот на иницијативата во Собранието, како и за неговата активна улога во насока на унапредување на работничките права и зголемувањето на платите на работниците.

Заеднички заклучок беше дека соработката на двете институции Собранието и ССМ во наредниот период ќе ја градиме и темелиме здружени со иста цел за навремено носење на сите закони со кои се унапредуваат работничките права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.