- Македонски
- English

ССМ не ги дели вработените како некои други синдикати
Едно од решенијата кое го бараме е линеарно покачување на платите за сите работници и во јавниот и во приватниот сектор
Сојузот на синдикати на Македонија до крајот на неделава до Владата ќе го достави овој предлог со кој ќе побара покачување на платите за онаа сума за која беше зголемена минималната плата.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски смета дека во време на светска економска, енергетска, здравствена криза и воен кофликт ова е најсолидарно решение за државата, за работодавачите и за работникот.
Вели, иако законски државата има рок од 6 месеци да направи усогласувањеto на минималната со останатите плати, тие ќе бараат линеарното покачување да се пресметува од 1 мај.
ССМ е секаде онаму каде што протестира и штрајкува македонскиот работник. ССМ бил и ќе остане да се бори за подобро утре на работникот. Добро е што колегите се сетија дека правата и незадоволството се изразува на улица преку протест. Работникот мора да го добие она што законски му следува.
Достоинството на работникот на прво место.
Повеќе можете да прочитате на линкот