- Македонски
- English

Aко СОНК не им правеше отстапки на владите со разни спогодби денес во овој момент платата на просветните работници ќе изнесуваше 45.000 денари без протести и штрајкови
Ако раководството на СОНК мисли дека преку искористување и скратување на правото на образование на учениците најбрзо ќе стигне до своите лични цели, нека им служи на чест како просветни работници
СОНК и пред да имаат средба со Владата собирале потписи за штрајк. Доколку СОНК чесно и правилно го спроведуваше колективниот договор кој го има потпишано со Владата од пред десеттина години и ако не им правеше отстапки на владите со разни спогодби денес во овој момент платата на просветните работници ќе изнесуваше 45.000 денари без протести и штрајкови.

ПСО се залага за итно спроведување на Законот за минимална плата и скалестото зголемување на останатите плати а има и изготвено издржана анализа за сите работни места во образованието како да се зголемува платата.
ПСО работи активно на терен за подбрување на стандардот на просветните работници. Нас политиката не ни е блиска ниту ни е приоритет во работењето, додава Димовски и вели дека образованието е на многу ниски гранки, времето за будење скоро и да не прегази затоа што и во образованието и во синдикализмот се практицира политиката.
Прогресивниот синдикат на образование е и секогаш ќе биде на страната на работниците во образованието. Донесувањето на законот за минимална плата кој го изготви и предложи ССМ во чиј состав е и ПСО гарантира најниска плата и скалесто зголемување на останатите плати на огромен број работници во јавниот и приватниот сектор. ПСО секогаш ќе поддржува активности за правата на работниците во образованието. Штрајкот кој го заговара СОНК доколку е вистински и со чесни намери и ако не го прекине ден пред одржување како и неколку претходни договарајќи се зад затворени врати со било која влада, секако дека ќе има поддршка од голем број на наши членови кои веќе се на списоците кои СОНК со притисоци ги правеше изминатиов период. ПСО нема ни да проба да им го ускрати правото на вработените во образованието да се борат за своите права без разлика кој организира протест или штрајк но се плашиме дека повторно и повторно ќе бидат пренесени жедни преку вода како и многу пати до сега од страна на СОНК.
Секое барање за подобрување на стандардот и достоинството на просветните работници е легитимно право на секој а и на синдикатите, но доколку е тоа искрено и издржано со одредени точни анализи. СОНК на штета на просветните работници неколку пати до сега има организирано па откажувано штрајкови за зголемување на платите, неколку пати до сега има потпишувано спогодби со министрите за образование на штета на просветните работници. Има потпишувано спогодби со коефициент 1 понизок од минималната плата (спогодба од 28.12.2019 г.), потпишана од Претседателот на СОНК и министерот за образование. Потсетуваме и укажуваме дека иако минималната плата е од 15.194 денари за 2021 година, СОНК потпишал Спогодба со која износот на најниската плата за најнизок степен на сложеност на работни места изнесува 14.759 денари во бруто износ (10.000 денари во нето износ што е на ниво на минимална плата од 10.080 денари во 2018 година) што е многу помалку од минималната плата за тој период која изнесува 22.146 денари бруто износ на минимална плата и свесно дозволиле одредена категорија на работници во образованиетода бидат под минималната плата што е незаконски, а сите други да земаат усогласување на платите помало од зголемувањето на минималната плата поради тоа што пресметковната единица вредност е утврдена на понизок износ односно на 10.000 денари нето од износот на минималната плата од 15.194 денари за 2021 година.Со ова СОНК ставил потпис на спогодба за усогласување на платите со промена на минималната плата согласно колективниот договор која пак е спротивна на членот 8 од Законот за минимална плата и не го овозможил законското усогласување а со потписот на спогодбата СОНК овозможил да не се применува членот 8 од Законот за минимална плата на штета на огромен број на работници во образованието кои се и членови на СОНК. Доколку СОНК чесно и правилно го спроведуваше колективниот договор кој го има потпишано со владата од пред десеттина години и ако не им правеше отстапки на владите со разни спогодби денес во овој момент платата на просветните работници ќе изнесуваше 45.000 денари без протести и штрајкови.
Целото интервју можете да го прочитате на линкот