- Македонски
- English

Договорот за вработување претставува правен основ за засновање работен однос. Тој е формален договор што се склучува во писмена форма. Се чува во работните простории во седиштето на работодавачот и примерок од него му се врачува на работникот на денот на потпишувањето.
Договорот за вработување во себе ги содржи заемните права, обврски и одговорности на двете договорни страни. Утврдените права, обврски и одговорности се во согласност со оние утврдени во Законот за работните односи и во колективните договори.
Договорот за вработување не може да содржи одредби со кои на работникот му се даваат права и обврски што се понеповолни од оние што се утврдени со закон или со колективен договор.
За содржина и измени на договорот за вработување, нестандардни форми на вработување, договор за вработување на определено време, сезонска работа, привремено агенциско вработување, договор за вработување со неполно работно време, договор за вработување со вршење работа дома можеш повеќе да прочиташ на линкот