- Македонски
- English

Почитувани членови на Синдикат на Одбраната и Безбедноста (СОБ),
Зголемувањето на платите во Министерството за Одбрана и Армијата на Република Македонија како и почитување на правната регулатива во делот на исплатата на додатоците и надоместоците на плата, беа дел од преговорите помеѓу Синдикатот на Одбраната и Безбедноста и Министерката за Одбрана Г-ѓа Славјанка Петровска, кои беа одржани на ден 28.02.2022 година.
Резултатот од таа средба веќе е видлив преку отпочнувањето на исплата на прекувремените и ноќните саати како и работа во ден на неделен одмор и празници.
Би сакале да Ве известиме дека ретроактивно, почнувајки од 01.03.2022 год. ќе се исплаќаат и останатите ангажирања согласно Закон и КД.
Тоа значи дека сите ангажирања на припадниците на АРМ (прекувремено, ноќно, работа во недела и празник, работа во смени, дежурство, стража и слично) ќе се исплаќаат согласно Законските прописи и КД и истите ќе бидат составен дел од платата на секој припадник на АРМ и МО односно ќе влијаат на висината на пресметката за пензија во иднина.