Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВРАБОТЕНИТЕ ОД КОЛСКА ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ВЛАДА

После вчерашните притисоци и оневозможување на вработените во Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, утринава во 09 часот започнаа со протестот пред Владата каде што ќе го изразат своето незадоволство од состојбата во која е доведена нивната фабрика и нивната егзистенцијата на нивните семејства.

Вчера два часа беше блокиран железничкиот сообраќај, откако 70 вработени на „Колска“ се качиле на воз од Велес за да стигнат до Скопје, но машиновозачот не тргнал затоа што раководството на Железници транспорт не им дозоволи на вработените од „Колска“ да се возат бесплатно.

Вработените предупредуваат дека иако бараат да работат, а не им се дозволува да работат, во моментот во работилницата на „Колска“ има 25 товарни вагони за репарација и еден патнички вагон, кои треба да бидат направени до Нова година што е доведена во опасност понатамошната работа на претпријатието.

„Колска“ е единствена фабрика со ваква намена во земјава која порано беше во состав на Железници. Преостанатите 70 од некогашните 350 вработени со години бараат повторно да бидат во состав на Железници.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.