- Македонски
- English

На 32 седница на претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија - ССМ донесена е едногласна одлука дека ниту еден Колективен договор на ниво на гранка или општ колективен договор не може да биде откажан или ревидиран за одредбите кои имаат фискални импликации со притисок и уцена донесени со заклучок на владина седница.
Нема да дозволиме намалување на работничките права преку кратење на плати, не исплаќање на додатоци и надоместоци од плата. ССМ и гранковите синдикати при ССМ нема да даваат согласност за било какви измени и дополни на Колективните договори во насока на намалување на работничките права.
За ваквиот преседан со директно кршење на Уставот и националните закони како и меѓународните трудови стандарди, ССМ како репрезентативен синдикат ќе ги информира европските и светските синдикални организации, Меѓународната организација на трудот, Европскиот совет, и сите надлежни институции на домашни и светски рамки.
Ваквиот преседан, е можеби единствен во рамките на Европската унија, онаму, каде што очигледно нема да стигнеме доколку продолжи ваквиот принцип на неевропски вредности на Владата и нејзините претставници.