Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СО КРАТЕЊЕ НА ПЛАТИ ОД ВРАБОТЕНИТЕ, ЌЕ СЕ ПОКРИВА НЕСПОСОБНОСТА НА ВЛАДАТА

Вицепремиерот Битиќи, денес ни порача дека кратењето на плати не треба да го сфатиме лично. А, како да го сфатиме?

Неофицијалните информации говорат дека сите вработени кои ќе се упатат да работата од дома, ќе добијат помала плата од 10% до 30%. Тоа значи дека како награда за работа од дома, која ќе значи повисоки сметки за струја, греење храна итн. ќе добијат пониски плати, а во некои случаи дури и пониска плата од минималната плата.

Со еден потег, Владата ги укина Синдикатите и Колективното договарање, и ги прекрши Уставот, Законите и Конвенциите на МОТ кои Р.Македонија ги има потпишано.

Ќе дочекаме за првпат во историјата на нашата држава, еден Министер да добие поголеми ингеренции од Премиерот и во најголемата финансиска криза да одлучува кој смее, а кој не смее да добие плата.

Со ваквите постапки, Владата единствено успеа да го навлече бесот на вработените и да ги обедини Синдикатите, а за последиците и бесот кој ќе произлезе од овие мерки, ние нема да бидеме одговорни.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.