- Македонски
- English

Возачите, сервисерите и одржувачите на вработени на ЈСП кои денеска излегоа на предупредувачкиот процес соопштија дека ова не е единстевниот проблем кој го имаат, туку се соочуваат со низа проблеми, како непрофитабилно претпријатија, во делот на оддржувањето на автобусите.
Вработените во Јавното претпријатие „ЈСП Скопје“, најавуваат дека скопјани можно е наредните денови да останат без јавен превоз бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември.
-Гладни не можеме да возиме или да ги сервисираме возилата, вели Миќо Стојановски претседател на синдикалната организација на ССМ при ЈСП „Скопје“ кој појаснува дека сите синдикати во ЈСП се сложни во одлуката да запрат со својата работа доколку не им се исплатат платите.
Синдикатите на ЈСП информираа дека на 7 октомври ја известиле градоналалничката на град Скопје дека доколку на 15 октомври не им биде исплатена плата ќе има прекин на работата.
Автобусите на ЈСП утре нема да излезат на улиците на Скопје доколку денеска до 14 часот на возачите, сервисерите и одржувачите не им биде исплатена септемвриската плата.
Ова денеска го соопштија трите репрезативните синдикати кои испратија порака и до менаџментот на град Скопје и до Владата.
На протестот добија поддршка и од претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.
Повеќе на линкот