- Македонски
- English

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски заедно со претседателот на СРСВМ при ССМ, Миќо Стојановски присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје на која што очекуваат да слушнат дека се обезбедени средства и дека ќе биде исплатена платата на вработените во ЈСП, а во спротивно синдикатите се одлучни дека утре од 4.30 минути ќе нема градски превоз поради тоа што ќе го блокираат излезот на ЈСП.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски денеска праша - Кога се доведовме во ситуација македонскиот работник во очај, во безизлезност, не можејќи да ја прехрани својата фамилија, да се заканува по неговиот живот и животот на останатите, тогаш ние како држава и Град Скопје го допревме дното, а исто ќе ги праша и ќе им го пренесе и на членовите на градското собрание.