Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АКО НЕМА ПЛАТА ВО ЈСП ДЕНЕС, ВО 4.30 УТРЕ БЛОКАДА НА АВТОБУСИТЕ

„Ако денеска не добиеме плата утре во 4:30 сме тука заедно со нашите семејства. Тоа значи дека автобусите нема да излезат.На денешната средба со трите репрезентативни синдикати се договоривме да настапуваме вака: Денеска влегуваме во Советот на Град Скопје на вонредната седница закажана за 14 часот, но тоа е премногу доцна за да некој одлучи дали ние ќе добие денеска плата. “, -рече Миќо Стојановски од Синдикатот на работниците од сообраќај и врски СРСВМ при ССМ.

Сите сме гладни и не можеме да ги извршуваме своите обврски, додаде тој, порачувајќи дека ако нема плата со утрешниот протест ќе го изразат револтот од политичките збиднувања и прекупувања меѓу партиите.

Во иднина, како што рече Стојановски, ако до 15 во месецот, како што предвидува законскиот рок, не им се исплаќа пата, веќе од наредниот ден ниту еден автобус нема да сообраќа низ улиците.

„Се надевам дека денеска ќе седнат, ќе се договорат и дека во понатамошниот период – зборувам за време на инфлација и рецесија, дека вработените во ЈСП нема да се собираат за да разговараат за плата. Можеме да зборуваме за други работи, за права од работен однос, меѓутоа за плата разговори повеќе нема. Законскиот рок за плата е 15 во месецот, помине ли 15 во месецот автобус на ЈСП нема да излезе на линија“, - рече Стојановски.

Синдикалните организации во ЈСП добија поддршка и од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

„Апелирам и до државата и до Градот Скопје, ќе направиме притисок и на вонредната седница на Град Скопје каде јасно ќе кажеме: доколку работниците не добијат плата утре не може да ги извршуваат своите работни задачи бидејќи овие работници возат луѓе – граѓани на Градот Скопје, овие мајстори ги поправаат автобусите и не се нафаќаат на работат затоа што извршителите веќе им се на врат бидејќи не се платени кредитите, децата секој ден и со право ни бараат пари за да може да си купат една ужинка на училиште, додека фрижидерите ни се празни и ние немаме начин како да ги извршиме овие работни задачи бидејќи сме гладни“, - рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.