Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОБЕДА НА РАБОТНИЦИТЕ И СИНДИКАТИТЕ ВО ЈСП

Работниците и синдикалците со своето единство непотпаѓајќи под политичките притисоци, денеска од 04.30 утринава покажаа дека само заедно можат да се изборат за нивните работнички права.

Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди за МИА претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски.

Собранието на Град Скопје едногласно ја донесе Одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2022 година се предвидува пренамена на средствата во основниот буџет, а со цел непречено функционирање на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје - Скопје.

– Трансферот на пари е направен. Платата ќе биде поделена утре.

Автобусите почнуваат да сообраќаат, изјави Стојановски за МИА.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.