- Македонски
- English

Сојузот на синдикатите на Македонија, во рамките на потребата од унапредување и зајакнување на капацитетите за колективното преговарање со поддршка од ITUC-PERK, UNION TO UNION организираше работилница која беше посветена на утврдување на приоритети и предлози на синдикатите и ССМ за утврдување и дополнување текст на предлозите за нов Општ колективен договор за јавен сектор, а на работилницата беше разгледуван постојниот текст ( добри и лоши одредби), позитивни примери уредени во гранските колективни договори и колективните договори на ниво на работодавач.
Работилницата ја отвори Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, а на истата учествуваа претседателите на гранските синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија, координаторот на Меѓународната организација на трудот во Македонија, Емил Крстановски и проф. д-р Александар Ристовски од правниот факултет.
Професорот Александар Ристовски ја презентираше Анализа за колективно договорање во Македонија изработена со поддршка на МОТ, која синдикатите ја користат при процесите на колективното договорање и преговарање.
На крајот од работилницата како резултат беше изготвен и утврден текст на нов Општ колективен договор за јавен сектор кој како дополнување ќе биде предложен до Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија за преговори и склучување.
Додека претставниците на Владата со сите сили се обидуваат да ги укинат колективните договори, ССМ и синдикатите ги утврдуваат и зајакнуваат своите позиции за одбрана и зачувување на колективните договори и борба против не демократските вредности!
*Оваа активност е поддржана од ITUC – PERK, UNION TO UNION.
ITUC
Union to Union