- Македонски
- English

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски заедно со Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски остварија средба со Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
На средбата се дискутираше за потребата од унапредување и зајакнување на социјалниот дијалог на локално ниво во Општина Чаир, за што договорено е во наредните денови да се формира нова синдикална организација во рамките на Синдикатот на УПОЗ, а синдикатот да достави предлог текст на колективен договор за вработените во општината со кој ќе се регулираат правата од работен однос.