Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ И СКРМ НА СРЕДБА, ДОГОВОРЕНА ЗАЕДНИЧКА БОРБА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ

Претседателот Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Претседателката на Синдикат на културата на Република Македонија, Вера Атанасовска остварија средба на која се разговараше за потребата од заедничка борба на синдикатите против активностите на Министерството за труд и социјална политика и Владата за укинување на колективните договори како и ограничување на нивното склучување во наредниот период без предходна согласност од страна на Министерот за финансии.

Заеднички се согласија дека заедничкиот настап и синдикалното единство и солидарност во наредниот период мора да биде на највисоко ниво во борбата против Правилникот донесен од страна на Министерката за труд и социјална политика со кој се оневозможува секое идно регистрирање на Колективните договори, како и мерките и планот за штедење донесен на седница на Влада со кој Владата предвидува намалување на плати, губење на работните места и укинување на колективните договори.

Претседателот на ССМ, Димовски даде целосна поддршка на Синдикатот на културата на Република Македонија и претседателката Вера Атанасовска во нивната борба за зачувување на Колективниот договор за култура кој треба да биде пример во делот на платите за останатите синдикатите при склучување на идните колективни договори и дека сите синдикати заеднички треба да се борат за зачувување на правата утврдени во колективните договори како што е Колективниот договор за култура и да не се дозволи на ниту една владина институција или владин функционер да стави рака врз синдикатите и колективните договори.

Владата успева да ги обедини синдикатите против нејзините лоши политики, а синдикатите како никогаш до сега заеднички и солидарно застануваат во борбата за одбрана на колективните договори, а со тоа и одбрана на работничките права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.