- Македонски
- English

Сојузот на синдикатите на Македонија, во рамките на потребата од унапредување и зајакнување на капацитетите за колективното преговарање со поддршка од ITUC-PERK, UNION TO UNION во Кратово организираше работилница која е посветена на утврдување на приоритети и предлози на синдикатите и ССМ за утврдување и дополнување текст на предлозите за нов Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, а на работилницата се разгледува постојниот текст ( добри и лоши одредби), позитивни примери уредени во гранските колективни договори и колективните договори на ниво на работодавач.
Работилницата ја отвори Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, а на истата учествуваа претседателите на гранските синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија, координаторот на Меѓународната организација на трудот во Македонија, Емил Крстановски и проектниот координатор на кацеларијата на МОТ во Скопје, Наташа Симјаноска, како и проф. д-р Александар Ристовски од правниот факултет.
Професорот Александар Ристовски ја презентираше Анализа за колективно договорање во Македонија изработена со поддршка на МОТ, која синдикатите ја користат при процесите на колективното договорање и преговарање.,
На крајот од работилницата како резултат беше изготвен и утврден текст на нов Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството кој ќе биде предложен до Организацијата на работодавачи на Македонија за преговори и склучување, а истовремено ќе бидат утврдени и неколку предлози за изменување и дополнување на постојниот Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
ССМ и синдикатите ги утврдуваат и зајакнуваат своите позиции за одбрана и зачувување на колективните договори и борба за склучување на нови колективни договори во приватниот сектор и во јавниот сектор!
*Оваа активност е поддржана од ITUC – PERK, UNION TO UNION.