Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТПИШАН АНЕКС НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Денес во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Анексот на Колективниот договор за вработените во Општина Ресен.

Овој Анекс Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Ресен Миле Чадески од едната страна и Градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски од другата страна.

Со овој Анекс на колективен договор, е предвидено усогласување на минималната плата, што е на задоволство на сите вработени во општината.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.