Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИК НА ЕТУЦ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Peter Scherrer од Европската конфедерација на синдикатите – (ETUC) оствари средба со претставници на ССМ, Секретарот на Советот, Златко Цветковски и потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски на која беше детално информиран за состојбите со работничките права во Македонија и за проблемите со кои се соочуваат синдикатите.

ССМ изминатиот период детално информира за случувањата во Македонија, со кратењето на работничките права кое се планира да се направи со новиот Закон за работните односи, Законот за систем на платите во јавен сектор, за укинувањето на одредбите на колективните договори, за генералниот штрајк во јавниот сектор итн.

Претставникот на ETUC беше информиран дека се одржа седница на ЕСС за утврдување на новиот износ на минималната плата, а беше информиран и дека единствено Владата ги нема усогласено платите на нејзините вработени согласно предходниот пораст на минималната плата, а за што ССМ има поднесено Тужба за дискриминација.

Питер Шерер по враќањето во ETUC ќе изготви детален извештај за состојбите во Македонија, а за што ќе се дискутира и на Извршниот комитет на ETUC кој потоа како ССМ ќе бараме да биде доставен до Европската комисија во процесот на пристапни преговори за Македонија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.