Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

САМО 13 ХРАБРИ РАБОТНИЦИ ЈА ВОДАТ БИТКАТА ЗА ПЛАТИ ВО БЕТОН

Синдикатот за градежништво - СГИП заедно со 13 храбри работници ја водат борбата со газдите на Бетон АД Скопје, со привремениот стечаен управник и со судот за да си ги наплатат незаконски неисплатените плати од минатата година како и за оваа 2023 година.

За жал од повеќе од 600 работници пред неколку месеци во Бетон АД Скопје бројката е сведена на помалку од стотина работници денес, останатите работници чекаат на друг да ја води нивната битка за нивните плати.

Ги охрабруваме сите работници да се приклучат и да се борат заедно со нивните колеги и со синдикатот.

За жал судот повторно го одложи рочиштето по предлогот за стечај за еден месец на штета на работниците, но борбата го дава резултатот и на нивните сметки веќе легнуваат дел од заостанатите плати.

Синдикатот за да не бидат изиграни работниците поднесе и дополнителен предлог за стечај, кривична пријава, пријава до Финансова полиција и пријава до Државниот инспекторат за труд и институциите мораат да постапат и да ги заштитат работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.