- Македонски
- English

Денеска се одржа нова работилница на тема Социјален дијалог и колективно преговарање во Македонија - актуелни состојби и предизвици со студентите од Правниот Факултет Јустенијан Први - Скопјена катедрата трудово и социјално право.
Шефот на кабинетот на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов пред младите правници ги презентираше активностите на ССМ за унапредување и зајакнување на социјалниот дијалог и колективното преговарање, а им ја презрнтираше и новата мобилна апликација ССМ - мои работнички права која идните правници можат да ја користат за пријавување на прекршувања од работен однос, навремено информирање за активностите на ССМ како и за непосредна комуникација.
Панелисти беа и проф. д-р Лазар Јовевски, Миле Бошков од БКМ и Благоја Ралповски од КСС.