Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРСВМ ГИ ЗАЈАКНУВА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА КОЛЕКТИВНО ПРЕГОВАРАЊЕ

Синдикатот за сообраќај и врски на Република Македонија - СРСВМ со поддршка од Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje во Охрид организира работилница за подигнување на капацитетите за колективно преговарање и склучување на колективни договори на која синдикалците ќе имаат можност да разменат искуства и да се стекнат со нови вешти за колективно преговарање.

Колективното преговарање е една од главните алатки, кое синдикатите го имаат и го користат за унапредување на правата од работен однос.

ФЕС ја препознава важноста на јаките преговарачки вештини на членовите на синдикатите и ги поддржува во нивните напори за зајакнување на преговарачките вештини како што е случајот и со оваа работилница.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.