Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАЛНИОТ ОДБОР НА ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ СКОПЈЕ ПРИ СГИП СПРЕМЕН ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИ ЗА НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

На ден 23.03.2023та година синдикалните претставници на СГИП од ЈП Нaционални шуми Скопје донесоа одлука за отпочнување на преговори со работодавачот и потпишување на нов колективен договор во претпријатието кој ќе ги врати сите досега изгубени права низ годините. Имено, ЈП Национални шуми Скопје има повеќе од 1.000 вработени од кои пак најголем дел вработени се на минимална плата. Досега зголемувањето на платите опфати повеќе од 60% од вработените во претпријатието и истото ќе се случи и со исплатата на плата за месец Март 2023та година, но тоа не е доволно за да се исправи една голема неправда према останатите вработени кои дојдоа до изедначување на платите со останатите работници кои се на минимална плата. СГИП се залага да ниеден вработен не биде на минимална плата, бидејќи овој Закон за исплата на минимална плата гарантира еден износ под кој не смее никој да е платен, но тоа да биде само пресметковна вредност за коефициент 1, а не плата на повеќе од половина вработени при претпријатието. За таа цел, на вчерашниот состанок СГИП одлучи да преземе активности со цел преговарање за нов колективен договор и отворање на систематизацијата за сите вработени, а не само за дел од вработените кои добиваат награди, а не се дел од производствениот процес во претприајтието. Второ важно прашање беше и нередовната исплата на теренскиот додаток како и анализа на сите давачки на претпријатието кон трети страни, а не кон вработените кои секојдневно придонесуваат во остварувањето на планот и целите.

СГИП овие чекори планира да ги преземе како единствен репрезентативен заштитник на вработените во ЈП Национални шуми Скопје и ги охрабрува сите кои досега не се вклучени да земат активно учество во истиот. Нашето членство во претпијатието секојдневно се зголемува и веќе имаме потпишани преку 500 пристапници во скоро сите подружници. СГИП како единствен репрезентативен сидникат и при ССМ заедно со останатите колеги се бори и за Законот за плати во администрација и за Општиот колективен договор за јавен сектор, документи кои уште повеќе ќе ја зголемат платата и подобрат условите за работа на вработените во јавните претпријатија.
Како што беше договорено на последниот состанок помеѓу синдикатот СГИП при ССМ и Генералниот директор на ЈП Национални шуми, исплата на регрес за годишен одмор успешно се додели на сите вработени до крајот на 2022ра година и очекуваме зголемување на платите на сите вработени како што беше исто така ветено на состанокот по зголемувањето на цената на огревното дрво.
Стоиме на располагање за заеднички да ги подобриме условите на вработените во претпријатието единствено преку социјален дијалог, кој ако не вроди со плод, како Синдикат ќе мораме да го искористиме и нашето уставно загарантирано право на штрајк.

За информација на сите членови и вработени во претпријатието следниот состанок помеѓу претставнците на СГИП и Генералниот директор, на кој ќе се разговараат сите прашања поврзани со вработените и платите, ќе се одржи во среда на 29.03.2023та година на 10ти кат при ССМ со почеток во 11 часот

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.