Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИТЕ ЗАЕДНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НА ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ

ПОЧИТУВАНИ БРАЌА И СЕСТРИ, СИТЕ ЗАЕДНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НА ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ 

ССМ изминатите 5 години ја води борбата за работнички права, а секоја година на 1 Мај, се поголем број на работниците, синдикалци, пензионери и граѓани излегуваат на улица на протест да го изразат своето незадоволство.

Оваа година на 1 мај, работниците и синдикатите во Македонија, за жал се борат за зачувувањето на цивилизациската придобивка на 8 часовен работен ден, кое Владата сака да го укине и да воведе 12 часовен работен ден или 60 часовна работна недела што треба да ги обедини работниците на протест, поради тоа што ваквата намера на Владата ја враќа Македонија 137 години во минатото.

Покачувањето на функционерските плати за 78% или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија Општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството!

Ние синдикалците од ССМ, во 12 часот на 1 мај го започнуваме работничкиот протест, а се обраќам до нашите братски синдикати, до сите работници и граѓани,( пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава, крајно време е да ни се придружат за заедно да го изразиме незадоволството.

Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците и се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго, овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, а македонскиот работник денеска е соочен со истата борба!

ДА ЖИВЕЕ ПРВИ МАЈ !

Дарко Димовски
Претседател на ССМ

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.