Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Игор Герасов, ССМ: Дојдете на Првомајскиот протест, заедно да кажеме дека сме незадоволни!

Сојузот на синдикати го повикува своето членство, но и сите работници чии права се кршат и кои бараат подобри услови за работа да дојдат на големиот синдикален протест што ќе се одржи по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во понеделник, со почеток во 12 часот пред зградата на ССМ, а потоа и пред Собранието и пред Владата. Како што вели Игор Герасов, потпретседател на ССМ, „дојден е критичниот момент за нашиот работник“ и затоа тој повика на што поголема масовност.

– Некои пред 150 години дале жртва да ги уживаме праватa за кои се бореле, но денес ние се соочуваме пак да ја водиме истата битка за 8-часовен работен ден. Сега со закон сакаат да протуркаат 60-часовна работна недела за да може така да бидат вработени работници во „Бехтел и Енка“. За ова и за други кршења на права, ССМ организира масовен протест. Секој треба поединчено да даде жртва, да одвои барем еден час во годината, да дојде на протест за да кажеме заедно дека сме незадоволни – рече Герасов во интервју за „Утрински печат“.

– Не може една држава, па и компанија да функционира без работниците. Не може работодавачите, па и јавниот сектор да се однесуваат со големо непочитување на нашиот работник. Треба заедно да седнеме на маса – ние, работодвачите и Владата и да зборуваме за напредокот на државата кој не може да се случи без добар работник – порача Герасов.

Повеќе на линкот

https://www.slobodenpecat.mk/video-intervju-igor-gerasov.../

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.