Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИТУЦ И ПЕРК СО ПОДДРШКА НА ССМ И СГИП ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА 60 ЧАСОВНА РАБОТНА НЕДЕЛА

Денеска, во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа состанок помеѓу високи претставници на Светската конфедерација на синдикатите (ITUC), од Пан-европскиот регионалниот комитет (ПЕРК) предводена од Извршен секретар за ИТУЦ/ ПЕРК, г-дин Антон Леппик и г-ѓа Ениса Салимовиќ со Иван Пешевски, потпретседател на ССМ за приватен сектор ,Слободан Трендафилов, шеф на кабинетот на Претседателот на ССМ и Лиле Петрова, Советник за работни односи.

На состанокот, претставниците од ИТУЦ-ПЕРК детално беа информирани за намерата на Владата за воведување на 60 часовна работа недела и 12 часовен работен ден спротивно на Уставот, Законите, Колективните договори, Меѓународните конвенции на трудот и беше побарана брза реакција од нивна страна и силна осуда на намерата на Владата и на групата на пратеници кои сакаат да го спровнат ова уназадување на работничките права и покрај јасните насоки на Уставниот суд по ова прашање.

Од состанокот произлезе уште во текот на денот од страна на Светската конфедерација на синдикатите (ITUC) да биде доставено писмо до Владата, Собранието и Министерството за труд и социјална политика со кое ќе им се укаже на креаторите на политиките дека со ваквата намера се повредуваат низа акти, правила и конвенции на штета на работниците, а во интерес на поединци.

Сојузот на синдикатите на Македонија борбата продолжува да ја води и на меѓународно ниво, а очекуваме поддршка за ССМ и осуда за ваквите политики да добиеме и од Европската конфедерација на синдикатите (ETUC), и Европската (EFBWW) и Светската конфедерација на синдикатите за градежништво и шумарство (BWI).

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.