Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО ЦАРИНА, СИНДИКАЛЦИТЕ ПРЕД ШТРАЈК

Цариниците излегуваат на улица. Ако вработените во институцијата не наидат на слух од надлежните во врска со барањата за исплата на додаток на плата, тие ќе ги радикализираат протестите. Како што велат од Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ , една од опциите е затворање на граничните премини. Царинската администрација ќе протестира во петок од 12 до 12:30 часот.

„Вработените во Царинска управа веќе со години наназад, иако имаат право согласно закон и колективен договор за исплата на триесет проценти на плата, тој додаток никако не го добиваат“, појасни претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на прес-конференција.

Деаноски нагласи дека вработените во Царината го полнат државниот буџет со над 51% годишно, а за тоа, како што вели, не добиваат никакво покачување на платите со години, ниту, пак, го добиваат додатокот кој им следува. Како што велат од таму, ова, ќе биде првиот од протестите што ќе следат во сите институции.

„Како што најавивме на протестот на 1 мај дека ќе имаме жешко синдикално лето, тоа веќе почна да се остварува. Во петок од 12 до 12.30 часот ни е најавен протест во Царинската управа. Вработените во Царинската управа, веќе со години наназад имаат право на додаток од 30 отсто, но тие тој додаток не го добиваат, а министерот за финансии си обезбеди 30 отсто покачување на платата во Министерство во финансии и во други институции. Затоа решивме да направиме предупредувачки протест, да побараме исплата на додаток на плата за вработените во Царинската управа, кои го полнат буџетот со повеќе од 51 отсто секоја година. Знаеме дека има нов директор, чекаме да дојде, чекаме прием, да видиме дали ќе нѐ сослуша. Не се откажуваме од барањето и не нѐ интересира дали има нов или стар директор“, велат од Сојузот на синдикати.

Протестот на цариниците, предупредија синдикалците, е прв во низата протести што ќе следуваат во периодот што следи, кои ќе се преслика и во сите институции и со што ќе се реализира, како што рече, најавуваното жешко синдикално лето.

Видео на линкот

https://alfa.mk/%D1%86%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.