- Македонски
- English


ССМ дел од процесот за отворање на Европска Куќа во Струга
Денеска, во Паркот на поезијата во Струга на официјална церемонија беше потпишан договорот за отворање на Европска Куќа (Europe House) во Струга.
Договорот го потпиша градоначалникот Мерко со Н.Е Амбасадорот Дејвид Гир, а договор потпишаа и Градоначалникот Мерко и вршителот на должност Претседател на ССМ, Слободан Трендафилов со што го означија почетокот на градежните работи за новото "место на новата генерација".
Градежните работи ќе се одвиваат врз постоечки објект на ССМ во струшкиот Парк на поезијата со цел трансформација во 6-та по ред Europe House.
Сојузот на синдикатите на Македонија преку соработката со Општина Струга и воспоставениот социјален дијалог на локално ниво помогна со овозможување на користење на деловен простор во кој ќе биде отворена Европска Куќа (Europe House) во Струга.
Во своето обраќање градоначалникот Мерко се заблагодари на делегацијата на Европската Унија да отвори ваков центар во Струга, кој ќе придонесе за збогатување на активностите во градот и младите и се заблагодари на ССМ за соработката и придонесот во процесот на изнаоѓање на соодветен деловен простор за таа намена.
Струга има потенцијал и се стреми кон европски вредности, а ваквите институции само помагаат во процесот.
На настанот свое обраќање имаше и Амбасадорот Дејвид Гир кој исто така изрази благодарност до ССМ и Вршителот на должност Претседател на ССМ, Трендафилов за отвореноста за соработка и придонесот за отварање на Европска Куќа (Europe House) во Струга, свое обраќање имаше и вицепремиерот Маричиќ, а присутнен беше и Министерот за образование Јетон Шаќири и Анџелина Ајхорст, управен директор за Европа и Централна Азија во Европската служба за надворешни работи.
Присутните, во своите изјави изразија длабоко сочуство за прераната смрт на Претседателот на ССМ Дарко Димовски.