- Македонски
- English


Добро е што конечно утврдивме регрес за годишен одмор и исправивме една голема непрвада кон вработените во јавниот сектор истакна по завршување на на состанокот во Министерството за финансии, Слободан Трендафилов, Претседателот на ССМ.
„За нас како ССМ беше важно вработените во јавниот сектор на банкомат во септември да добијат далеку повеќе од 14,2 проценти што го постигнавме ако земеме предвид дека со синдикалните активности платите во голем дел од јавниот сектор веќе пораснаа платите. Конечно утврдивме регрес за годишен одмор и исправивме една голема неправда кон вработените во јавниот сектор особено вработените во здравство, образованиетои многу др., кои досега ниту еднаш немаат добиено регрес за годишен одмор, а до декември ќе се исплати истиот во висина од 10.000 денари, а од 2024 година па натаму во висина од 30% од просечната плата.
Конечно утврдуваме методологија со која ниту еден владин функционер ќе нема право да влијае на начинот на утврдување на плати на вработени во јавниот сектор. Платите на вработените во јавниот сектор од март 2025 година ќе пораснат за значителен процент. Од септември ќе немаме ниту еден вработен во јавниот скетор кој ќе биде на минималец“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Вработените во јавниот сектор ќе добијат усогласување повеќе од 14, 2 и ќе добијат дополнителна инекција во семејниот буџет поради инфлацијата која им ги нагризуваше нивните примања. Искомуницирано е членството, донесени се одлуки и очекуваме да бидат применети. 10 проценти може е малку, но со зголемените плати од јануари ќе биде дополнително зголемување, изјави Слободан Трендафилов, Претседателот на ССМ.
Постигнатиот договор денеска се очекува да биде официјализиран со потпишување на Општиот колективрн договор за јавен сектор кој се предвидува да се потпише на почетокот на идната недела.