- Македонски
- English

ПРАВДА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО КОМУНАЛНА ХИГИЕНА, НЕЗАКОНСКИ ОТКАЗИТЕ НА ДИРЕКТОРКАТА
Ве известуваме дека од страна на Државниот инспекторат за труд по поднесената преставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, со обезбедена бесплатна правна помош од СУТКОЗ и ССМ, донесена е Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор.
Соработката помеѓу ССМ и ДИТ воспоставена на највисоко ниво, дава резултати во интерес на работниците и ССМ ја поздравува брзата реакција на инспекторатот.
СУТКОЗ и ССМ очекуваат Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје на седницата која ќе ја одржи утре, на ден 25.07.2023 година постапувајќи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места.
СУТКОЗ и ССМ изминатиот период укажуваа дека раководството на Комумална хигиена Скопје треба да го почитува законот и колективните договори и дека постапките кои се преземаат се ништо друго туку реваншизам кон работниците за нивната синдикална борба.
ССМ апелира на дијалог помеѓу СУТКОЗ и раководството на Комунална хигиена Скопје.