- Македонски
- English


ССМ СО ПОДДРШКА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈСП И НА СРСВМ
Вработените на ЈСП од утринава на минус 9 степени чекаат пред Советот на Град Скопје, автобусите се паркирани во базите се додека не се донесе Одлука за обезбедување на средства за исплата на нивната плата.
Сојузот на синдикатите на Македонија целосно ги поддржува работниците и синдикатите, особено Синдикатот СРСВМ кој е членка на ССМ во нивната борба за егзистенцијалното прашање на исплата на плата која работниците ја изработиле.
Апелираме, работничката борба да не се политизира, а сите страни да се воздржат од користење на работничката борба за добивање на ситни политички поени.
Правото на плата е неприкосновено!