Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОД 4.900 ДО 6.200 ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА ВО ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО СКОПЈЕ

Врз основа на барањето на синдикатот СУТКОЗ доставено до Управниот одбор на Паркови и зеленило Скопје, Управниот одбор на седницата одржана на 23.07.2025 година го прифати барањето на СУТКОЗ и донесе Одлука со која во новиот Правлник за плати е применет Општиот колективен договор за јавен сектор со што работниците добиваат коефициенти на сложеност за своите работни место согласно кои платата започнувајќи со исплатата на јунската плата ќе им биде зголемена од 4.900 до 6.200 денари.

Ваквото зголемување на платите е како резултат на активностите на синдикатот СУТКОЗ кој во изминатиот период работеше за работниците, преговараше, поднесуваше пријави, организираше протести, кои го дадоа посакуваниот резултат и со прифаќањето на предлогот на СУТКОЗ за пресметка на платите по методологијата просечна плата по коефициент на сложеност на работните места, платите се зголемуваат.

За жал и покрај донесената одлука од Управниот одбор на Паркови и зеленило Скопје, вработените во фирмите Флораком и Луна се уште немаат добиено плата иако беше ветено дека тоа ќе се случи во исто време со вработените Паркови и зеленило Скопје, па во понеделник, СУТКОЗ и вработените ќе одлучат за идните чекори за протест и евентуален штрајк.

На работодавачите им укажуваме дека се уште има можност до распишување на локалните избори да се утврди зголемување на платите на сите работници во јавниот сектор.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.