Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

7. КОНГРЕС НА АГРО-СИНДИКАТ


17. КОНГРЕС НА АГРО-СИНДИКАТ


На 7 јуни 2026 година се одржа 17. Конгрес на АГРО-Синдикат, на кој учествуваа делегати од целата држава. .


Конгресот го поздравија домашни и странски гости, кои ја истакнаа долгогодишната успешна соработка и заедничката посветеност за унапредување на работничките права.

Од страна на Делегатите на Конгресот беа разгледани и усвоени извештаите за работата, финансиското работење и реализираните активности во изминатиот мандат, како и Програмата и Планот за работа за наредниот период


Во рамките на Конгресот беше избрано раководството кое ќе ја води организацијата во наредниот мандат, при што делегатите повторно му ја дадоа довербата на Игор Китановски, кој беше реизбран за претседател на АГРО-Синдикат.


Конгресот ја потврди определбата за понатамошно јакнење на синдикалното организирање, заштитата на работничките права и унапредувањето на условите за работа, со јасна заложба АГРО-Синдикат и во иднина да биде силен и одговорен претставник на своето членство.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.