- Македонски
- English


ССМ И ВРАБОТЕНИТЕ ВО АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИОТ ДОМ
Скопје, 21 јули 2026 – Претседателот и потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), заедно со вработените во ССМ, денеска спроведоа акција за расчистување и уредување на просториите на Работничкиот дом, при што се отстранува кабаст отпад натрупуван со години во подрумските простории на објектот.
Во рамки на акцијата се изнесуваат стар мебел, столици, стакла и друг отпад, со цел ослободување и уредување на просторот. Во активностите учествуваат раководството и вработените во ССМ, кои заеднички работат на расчистување на подрумските простории и подобрување на условите во Работничкиот дом.
Од ССМ посочуваат дека ваквите активности се дел од заложбите за одржување и унапредување на работната средина, при што синдикалното раководство и вработените уште еднаш покажуваат заедништво и ангажман во реализацијата на заедничките цели.
Акцијата продолжува со отстранување на преостанатиот кабаст отпад и расчистување на просториите кои подолг временски период биле користени за складирање на стар инвентар и други непотребни предмети.