- Македонски
- English

ССМ Е ПОТПИСНИК НА ПРВИОТ ОПШТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА СТОПАНСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Првиот Општ колективен договор за стпанство во Република Македонија е потпишан помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Одбор на работодавачите при Стопанска комора на Македонија на 1 јуни 1994 година.
Првиот Општ колективен договор на ниво на стопанството на Република Македонија по осамостојувањето, е објавен во „Службен весник“ бр. 29/94.
Исто така, во Октомври 1990 од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија со Стопанската комора на Македонија е склучен Општ колективен договор за стопанството на СР Македонија (последен во рамките на Социјалистичка Република Македонија).
Од тогаш до денес, ССМ е единствен синдикат во приватниот сектор потписник на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството преку кој се унапредени правата на работниците во приватниот сектор.
#80години #синдикат #ССМ